Акција за рурален развој има потреба од Асистент на проект, за која позиција го објавува овој оглас.
Бараме работлива, мотивирана и подготвена личност за позицијата Асистент на проект за да му помага на Раководителот на проектот во дневните проектни активности, како и основни административни работи.
Клучни области на активност: Поддршка на проектниот тим во општите административни задачи, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: подготовка на документи и уредување, логистичка, административна документација, влез во база на податоци, преводи на англиски јазик итн.
Документирање и ажурирање на информации кога е потребно.
Внесување на податоците во базите на податоци.
Присуствува и известува за состаноци.
Помага со организацијата и координацијата на разни настани и активности, работилници и обуки.
Помага во комуникациски активности и во изготвувањето и уредување на различни документи и презентации, согласно побараното.
И одредени други работи кои може да бидат доделени.
Искуство / Компетенции
Познавање на основни административни процеси;
Искуство во користење на бази на податоци, интернет и компјутери;
Искуство со средување на телефонска и електронска комуникација;
Одлично познавање на Македонски и Англиски јазик (говорен и пишан);
Добри административни и организаторски способности;
Сигурен/а, согледува детали, можност да даде приоритет на работни задачи.
Успешниот кандидат треба да има одлични писмени и комуникациски вештини, да биде во состојба ефикасно да управува со својот обем на работа, да има силни интерперсонални вештини и подготвеност за преземање на повеќе рутински задачи, како и работа на проекти поврзани со администрација.
Договор на определено време;
Биографиите да се достават во печатена форма на адреса „Коста Веселинов 3а; Скопје, или електронски на info@ruralnet.mk, во период од 5 дена од објавување на огласот.