Мрежата за рурален развој на НМ во соработка со мрежите за рурален развој на Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска спроведува регионален проект „Вмрежување и застапување за зелена економија “ финансиран од ЕУ.
За потребите на проектот, Мрежата објавува оглас за:
- Краткорочен ангажман на консултант во улога на Координатор на Регионална работна група за земјите од Западен Балкан, задолжен/а за координирање и синтетизирање на заклучоците од работата на нејзините членови при изработката на препораки и кратки документи за политики за афирмација на концептот за зелена економија како и изработка на Патоказ за зелена економија за земјите на Западен Балкан. Детален опис на работните задачи е наведен во ToR-от кој може да го најдете во прилог на огласот.
- Краткорочен ангажман на консултант во улога на Координатор на Национална работна група за С. Македонија задолжен/а за координирање и синтетизирање на заклучоците од работата на нејзините членови при изработката на препораки и кратки документи за политики за афирмација на концептот за зелена економија како и изработка на Патоказ за зелена економија на национално ниво. Детален опис на работните задачи е наведен во ToR-от кој може да го најдете во прилог на огласот
Заинтересираните кандидати да ги достават или испратат своите биографии и финансиска понуда во печатена форма во канцеларијата на Мрежата за рурален развој на НМ најдоцна до 15.05.2021 год. на адреса: ул. Коста Веселинов 3а, Скопје, или во електронска форма на e-mail адресата: ana.d@ruralnet.mk
b8f_annexiitorglobal_en_National working goup coordinator in RWG and Roadmap.doc